Шест намирници кои никогаш не треба да ги јадете за појадок

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Иако ова се намирници кои се вообичаени и често се наоѓаат на менито токму за појадок, можеби треба да се избегнуваат.

По цела ноќ пост, на вашето тело му треба храна богата со хранливи материи. Без тоа нема да имате енергија, ќе бидете лошо расположени и ќе добиете тежина. Додека за некои јадења, како што се палачинки, јасно е дека не се баш најздравиот појадок, некои други јадења, карактеристични за појадокот, исто така не се добар избор.

Корнфлекс полн со шеќер
Шеќерот од слаткиот корнфлекс ќе го наруши нивото на шеќер во крвта и ќе се најдете како посегнувате по слатки во текот на денот. Плус, нема да бидете сити долго и ќе мора да јадете многу брзо по појадокот, што значи дека ќе внесувате повеќе калории отколку што ви требаат. Покрај, очигледно, корнфлексот со шеќер, треба да внимавате на навидум здравите опции. Тие често се полни со додадени шеќери, па затоа составот треба да се прочита.

Вафли
Вафлите можат да бидат полни со едноставни јаглехидрати кои телото ги вари брзо и од кои нема да останат сити долго. Подобро е да се избере појадок богат со растителни влакна и во кој има минимално обработени јаглехидрати.

Сок од портокал
Иако многу луѓе сакаат да пијат чаша сок од портокал наутро, тоа не е вашиот најдобар избор. Имено, тој е полн со шеќер, особено ако не е свежо исцеден сок. Ако навистина треба да пиете сок наутро, најдобро е да изберете ладно цеден или сокови од зеленчук кои имаат помалку шеќер.

Пецива и намаз од сирење
Пецивата се всушност калориски бомби и често имаат калории со големина на четири парчиња леб, и многу малку хранлива вредност. Покрај тоа, станува збор за едноставни јаглехидрати. Ако веќе јадете пецива, проверете дали се од цели зрна затоа што се побогати со растителни влакна. Намазот од сирење, кој честопати оди со пецивото, исто така не е најдобра опција.

Инстант овесна каша
Овес може да биде еден од најздравите појадоци, но под услов да не е инстант верзија или веќе измешан со мусли. Кога јадеме вакво нешто обично добиваме помалку растителни влакна затоа што овесот е повеќе обработен и внесуваме многу шеќер.

Овошен јогурт
Јогуртот е здрава опција, но овошниот не баш. Имено, тие содржат многу шеќер и вештачки засладувачи и тоа треба да се прескокне, пишува Eat this.

Слични содржини