Кој вели дека победата не се исплати? Според пресметката на „Brand Finance“, со освојувањето на титулата европски шампион, италијанската фудбалска репрезентација не само што ја израдува нацијата, туку и влијаеше на националниот БДП да се зголеми за 4.000.000.000 евра на краток рок за време на ЕУРО.
Консултантската куќа посочи дека триумфот на Кијелини и компанија влијаеше на скокот на довербата и потрошувачката на граѓаните, охрабрен на денот на финалето, што се случува после долг период на „заклучување“ и ограничени можности за дружење.
Среќата на навивачите по победата на „азурите“ може да доведе до уште поголемо зголемување на потрошувачката, особено кога станува збор за храна, пијалоци, алкохол, тутун, превоз, забава, култура и хотели.
Потенцијалното зголемување на вредноста на играчите на италијанската репрезентација може да надмине 54 проценти. Во тимот се издвојуваат имиња како Џанлуиџи Донарума или Федерико Киеза, кои може да потпишат доходовни спонзорски договори благодарение на нивните настапи на Евра.
Играчите ќе добијат бонус за освоен пехар од 24.000.000 евра, кој исто така е вклучен во споменатиот дел од БДП.
Проценето е дека во Велика Британија, чија една од селекциите (Англија) играше во финалето, економијата порасна за повеќе од 1.000.000.000 евра во последниот месец само поради зголемената продажба на алкохол, билети и храна на стадионите, но и други 700.000.000 потрошени на алкохол во истиот временски период надвор од стадионот.
„Триумфот на Италија е значаен настан за земјата, особено по тешкотиите со кои се соочи минатата година, бидејќи тоа е еден од регионите кои се најмногу погодени од пандемијата. Оваа пресвртница несомнено го оживеа националниот дух, со што ги врати довербата и потрошувачката на потрошувачите“, рече Терез де Лемус.