Ружин за провокациите од Бугарија: Трифонов на светот гледа како на цртан филм

од Берта Китинска
506 прегледи

Трифонов е бугарскиот Игор Џамбазов. Тој сака да биде интересен со такви изјави. На светот гледа како на цртан филм, вели во изјава за „Локално“ професорот Нано Ружин, коментирјаќија  ја провокацијат на лидерот на „Има таков народ“ , Слави Трифонов, кој претендира да биде иден премиер на Бугарија и не нарече „северномакедонци“.

-Човекот политички не е едуциран но има добри метафори и епитети, го засмејува народот, и во таквиот контекст на разочараноста на бугарското јавно мислење тој успеа, вели Ружин.

Според професорот и Трифонов, но и Бојко Борисов упорно и намерно го употребуваа терминот „северномакедонски“ и „северномакедонец“, со што предизвикуваат уште поголема нервоза помеѓу македонските граѓани.

-Ситуацијата се вжештува се повеќе во последниве месеци, што многумина од власта го толкуваат како „изборна реторика“ и за „домашна употреба“. Но можно ли е, според вас помирување по сите овие отровни стрели и, како што вели самиот Радев, „кога ќе се кренат границите, младите да не се мразат“?Овие термини се искажани во време на опредизборната и изборната кампања. И ние можеме Бугарите да ги нареклуваме со недолични имиња но тоа е прашање на политичка култура. За жал тие настапуваат од подобра позиција, односно од позиција на политика на сила, со самиот чин што се членки на ЕУ. Таквите балкански фрустрации им се познати и на Брисел и на Париз и на Берлин. До кога ке трае фарсата не знаеме, бидејки институциите на ЕУ го дозволуваат тоа. Битката може да се извојува со политички притисок и наметмнување на повискоа политичка култура од страна на големите членки на ЕУ, смета Ружин.

Слични содржини