„Без политичка Влада во Софија, решение во септември е невозможна мисија“

од Vladimir Zorba

Изборите во Бугарија повторно се со тесен резултат, „Има таков народ“ на Слави Трифонов е во мала предност. Но, самата ситуација навестува дека повторно ќе има проблем во составување на владино мнозинство во Бугарија. За тоа што значи исходот од изборите за С.Македонија во однос на евроинтеграциите, „Локално“ поразговара со специјалниот претставник за Бугарија, Владо Бучковски и професорот Нано Ружин.

– Слави Трифунов бара подршка за малцинска Влада…шансите за ваков кабинет не се големи имајќи во предвид дека т.н протестни (опозициски ) партии, Демократска Бугарија на Христо Иванов и „Исправи се“, на Маја Манолова, но и БСП на Корнелија Нинова не се подготвени да дадат подршка. Останува можноста евентуално ГЕРБ да подржи ваква малцинска Влада. Дел од експертите во Бугарија тврдат дека тоа не е невозможно, имајќи во предвид дека сегашната службена Влада (посебно Министерот за внатрешни работи Рашков) е „ноќна мора“ за Борисов. ГЕРБ има мотив што побрзо да се смени службената Влада, анализира Бучковски, додавајќи дека ако не помине кабинетот на Трифонов, БСП ќе напраи сериозен обид да обезбеди мнозинство за експертска Влада, во која би учествувале најверојатно голем дел од министрите од сегашниот слижбен кабинет на Јанев.

-Трета варијанта се нови избори, за многумина во Бугарија, реалност! Како и да е, политичката криза во Бугарија продолжува, вели Бучковски.

За поранешниот амбасадор Ружин, доколку и натаму Бугарија не успее да конституира влада, тоа би значело повторување на изборите и враќање на досегашното статус кво, односно чекање на нова рунда избори.

-Можна е солуција двата победника да направат влада со премиерска позиција за Трифонов. Дури кога Бугарското Собрание ќе изгласа влада, оваа држава ќе може да се представи во своето полно светло и субјективитет и да се зафаќа со прашањето на Северна Македонија, смета тој.

Во однос на изјавата за претседателот на Бугарија, Румен Радев кој смета дека самите треба да си ја кренеме блокадата, професорот Ружин вели дека оваа изјава е поради тоа што „тој е голем противник за членството на нашата држава во ЕУ“.

-Освен фрустрациите од минатото, кога со љубомора ја следел Југсолавија и Македонија кои имале неколку пати повисок животен стандард и слобода, постои и факторот на проруската ореинатција, но да не исклучиме и еден трет фактор, а тоа е невидливиот лобинг на некои членки на ЕУ кои и покрај изјавите дека ја подржуваат нашата европска патека во суштина, слично на бугарската позиција, ја кочат Македонија, констатира професорот.

Дали воопшто е можно решение во септември?

-Без политичка Влада во Софија, сме во „пат“ позиција…Решение во септември, во такви околности е невозможна мисија!, тврди специјалниот претставник за Бугарија, Бучковски.

Според Ружин словенското претседателство нема кондиција да наметне решение за решавање на спорот.

– Впрочем, и премиерот Јаншна истакна дека „треба да ги разбереме барањата на Софија“. Јас сум песимист дека дотогаш ќе се реши ова прашање, освен ако Париз и Берлин не ја уценат на мек начин Софија, вели поранешниот дипломат.

Во врска со провокацијата на Трифонов кон нашата земја, за испраќање „северномакедонски“ астронаут во вселена, двајцата соговорници сметаат дека политичарот со своите матафори го засмејува народот.

-Кога евентуално би добил подршка кабинетот на Слави Трифунов, и кога премиер би бил Ники Василев, додека министер за надворешни Ради Најденов… личности кои се исклучително ценети во Бугарија (и пошироко)…Хм…што би било кога би било…ќе коментирам ако биде! А за изјавата на Трифунов за „северномакедонскиот астронаут“ сакам да верувам дека беше ненамерен гаф, а не провокација!, смета Бучковски .

За Ружин, Трифонов е бугарскиот Игор Џамбазов.

-Тој сака да биде интересен со такви изјави. На светот гледа како на цртан филм. Човекот политички не е едуциран но има добри метафори и епитети, го засмејува народот, и во таквиот контекст на разочараноста на бугарското јавно мислење тој успеа. Овие термини се искажани во време на опредизборната и изборната кампања. И ние можеме Бугарите да ги нареклуваме со недолични имиња но тоа е прашање на политичка култура. За жал тие настапуваат од подобра позиција, односно од позиција на политика на сила, со самиот чин што се членки на ЕУ. Таквите балкански фрустрации им се познати и на Брисел и на Париз и на Берлин. До кога ќе трае фарсата не знаеме, бидејки институциите на ЕУ го дозволуваат тоа. Битката може да се извојува со политички притисок и наметмнување на повискоа политичка култура од страна на големите членки на ЕУ, вели поранешниот пратеник за „Локално“.

Помирување и наоѓање на компромис е можно

Специјалниот претставник за Бугарија смета дека помирување и наоѓање на компромис со Бугарија е можно.

-Треба да се продолжи со отворен и директен дијалог Скопје-Софија. Од голема важност е конечно да се усогласи Патоказот (Патната карта) и да се интензивира соработката во различните сектори. Јас сум оптимист дека до декември Бугарија ќе ја крене блокадата. Ќе имаме компромис со кој не се задира во нашиот идентитет, кој ја почитува заедничката историја и кој нуди заедничка иднина. Не очекувам потоа нови блокади од други членки на ЕУ!, вели Бучковски.

Според Ружни, проценката на професорот на универзитетот во Грац, Флоријан Бибер дека доколку Бугарија ја „крене рампата“ за С.Македонија, ќе следи блокада од Париз поради тамошните претседателски избори, е можно сценарио, но не и решавачко.

– Во Франција најсериозниот опонент на Макрон, кој има подршка од 24%, што е највисок процент на некој претседател кој е се уште актуелен кандидат, е Ле Пен со 22% подршка, додека ширакистот Ксавиер Бертран има 16% подршка. Но гласачите на Бертран и Макрон се проевропски настроени, и дури да се случи во вториот круг да се квалификуваат Макрон и Ле Пен, француското јавно мислење ќе се опонира на Ле Пен бидејки се доживува како многу екстремна десница, а тоа Франција не го сака, смета Ружин.

Б.М.

Слични содржини