Гир: Собранието има важна улога во напредокот кон пристапувањето кон ЕУ

од Даниел Ѓорѓиевски
293 прегледи

Евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше презентирана Програмата и приоритетите за работата на Словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија, рече дека го разбира разочарувањето на македонските граѓани во врска со преговорите со ЕУ. Тој додаде дека ЕУ и понатаму ја охрабрува и поддржува Северна Македонија во евроинтеграцискиот пат.

– Собранието има важна улога во напредокот кон пристапувањето кон ЕУ и реформската агенда. Како највисоко законодавно тело има моќ и сила да го стави законодавството, кои ги промовирира и унапредува реформите, во интерес на граѓаните. Собранието и покрај тоа што може да има различни политички мислења, задници, партнери од граѓанското општество, академијата и бизнисот, има можнст да промовира и негува национален консензус за европскиот пат. Имаме заедничка цел а тоа е да напредуваме на патот кон ЕУ, кој е само една реформа. Со секој чекор во имплементирањето и спроведувањето на другите реформи вашата зема е поблиску до ЕУ. Реформите не се само прашање на проширувањето туку, тие се во интерес на граѓаните. Меѓу нив се, зелената и дигитална револуција, владеење на правото и јакнење на јавната доверба, заштита на животната средина итн. Може да сметате на ЕУ дека ќе биде ваш партнер на овој пат, рече Гир.

И.Т.

Слични содржини