Северна Македонија се соочува со еден критичен момент во евроинтеграивниот процес бидејќи вербата во процесот на проширување ја губи силата заснована на заслуги. Затоа барам синергија во предводењето, со цел да се заштити конзистентноста во надминување на билатералната пречка поставена од страна на Бугарија. Ова е пораката на министерот Бујар Османи на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше презентирана Програмата и приоритетите за работата на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.
-Ние избравме оптимизам а не песимизам. Наместо да ни е главата во песок, главата ни е горе, наместо да се жалиме ние бараме рационалност и работа. Сакам да ја истакнам и иницијативата за Резолуцијата со Бугарија, како придонес во нашата проактивност за да не се создаваат нови пречки. За оваа цел поднесов едно барање за надпартиски консензус. Постојат стратешки цели како што е нашето атерирање во ЕУ од кое не треба да бегаме туку треба заедно да ги проектираме, а секојдневната трка да ја оставиме за други теми, на пример за образование, здравство, екологија. Ние на патот кон ЕУ имаме пречка што се вика Република Бугарија. За нас е значајно во ЕУ да има еден континуитет за македонското членство. Почна со германското претседателство, продолжи со португалското а сега со словенското, рече Османи.
Според Османи предлогот даден за време на португалското претседателство со ЕУ, е добра и прифатлива основа во преговорите со Софија.
-Бугарија исто така не го одби предлогот како неприфатлив. За нас е значајно решението да биде врз основа на европските вредности и врз основа на добрососедските односи. Ова е целта и на сите европски држави. Без разлика каква влада ќе се формира во Бугарија, значајно е деблокадата да биде во текот на оваа година. Од ЕУ бараме поискрен однос бидејќи сега има знаци за регрес како резултат на паѓањето на вербата кај граѓаните. Во овој правец треба веднаш да се реагира не само од земјите од Западен Балкан туку и ЕУ. Ние од наша страна ќе продолжиме со испорачувањето, рече Османи.
И.Т.