Казнети 229 возачи во Скопје

од Берта Китинска
158 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 19 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 17 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, пет за непочитување на првенство на минување, 66 санкции за непрописно паркирање.