Арсенал одлучи да го реши хроничниот проблем со одбранбените играчи во претходните сезони со доведувањето на англискиот репрезентативец Бен Вајт за 50 милиони фунти од Брајтон.
Арсенал и Брајтон ги договорија сите детали за трансферот, што треба да се случи на 26 јули, кога ќе бидат направени лекарски прегледи.
Вајт експлодираше минатата сезона во дресот на Брајтон веднаш штом го привлече вниманието на тренерот Герет Саутгејт. Порано одеше често на заеми, но сега коцките се наредија.
Интерес за Вајт покажа и Челси, а „топџиите“ од комшиите можеа да привлечат уште едно засилување – напаѓачот Теми Абрахам.