Иако ретко ги изговараат овие два збора, тоа не значи дека не негуваат емоции кон вас, бидејќи припадниците на овие хороскопски знаци по природа се многу затворени.
Јарец
Студени и арогантни луѓе, овој впечаток го стекнува секој што ќе сретне некого за прв пат, ако е роден во знакот на Јарец.
Тие можат да покажат наклонетост со гестови и подароци, но им треба многу време да се отворат и да речат „Те сакам“. Иако го чувствуваат тоа, тие многу ретко ги изговараат најдлабоките емоции на глас.
Ако сте во врска со него, ќе ви требаат челични нерви и многу трпеливост за да ги слушнете тие зборови.
Лав
Дури и по многу години поминати со некоја личност, на Лавовите им е тешко да се предадат целосно и да покажат романтична и ранлива страна.
Тие сакаат да бидат авторитет и да оставаат впечаток на силни луѓе, па ретко ги покажуваат своите емоции.
Лавот ќе стори сé за вас, но вие ќе почекате додека не слушнете изјава за љубов.