Караван ,, Млади локално заедно” во Неготино: Младите го носат најдоброто за секоја општина

од Берта Китинска
172 прегледи

На средина од вториот месец откако нашиот младински караван „Млади, локално, заедно“ тргна низ државата, денес го посетивме ЛК СДММ Неготино, каде гостуваа и ЛК Кавадарци и ЛК Росоман.

И денеска СДММ ја потврди својата отвореност кон јавноста, па уште преку една плодна, транспарентна дискусија ги слушна и собра предлозите и идеите на младите од овој крај.

Идејата да се настапи со самостојна кампања за претстојните локални избори, полека но сигурно се ближи кон својата реализација, зашто голем дел од вас го дадоа и уште добар дел ќе го кажат својот глас и ќе го споделат своето размислување со нас, а ние од името на целата СДММ се обврзуваме дека истата нема да остане само апстракт, туку ќе биде запишана на парче хартија и ќе биде наша цел за остварување во периодот пред нас, ги поздрави присутните претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Социјалдемократската младина одговорно може да се пофали со законските решенија за кои се залагаше изминатиот период. Со Законот за млади, младите добија службеник за млади во општините и јавните институции, кој ќе ги олеснува процесите на фукционирање, а пак со Законот за субвенциониран оброк, секој редовен студент ќе добие по 2400 денари месечно, како би можел да си покрие дел од трошоците за храна.

СДММ била сплотена отсекогаш, но сега како младина е најрешена во намерата да го направи нашето општество достојно за останување и живеење на младиот човек. Ние сме најдоброто за себе, за нас, за младината, за општината, за државата, зашто знаеме и можеме и ја уживаме поддршката на најдемократската и најдржавотворната партија во земјава, заврши Михаилоски.

Слични содржини