СДСМ: Трибината во Битола ќе се одржи во петок

од Берта Китинска
244 прегледи

Вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина” која вечерва требаше да се одржи во Битола се одложи поради временски неприлики и интензивни врнежи од дожд, информираат од СДСМ. Од партијата информираат дека трибината ќе се одржи во петок.

-СДСМ останува заедно со граѓаните преку граѓанските трибини, маалските и урбани средби, преку активноста врата до врата каде заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина.

Затоа СДСМ е фаворит на локалните избори, граѓаните знаат дека само со СДСМ можат да продолжат развојот и напредокот на општините и државата, велат од СДСМ.