Американските кошаркари ја совладаа Шпанија со 83:76 на подготвителниот натпревар пред Олимписките игри во Токио.
Иако Шпанија водеше и имаше плус од десет поени, Американците го свртеа натпреварот, благодарејќи на Кевин Дурент, Дамијан Лилард и Келдон Џонсон.
После победата, селекторот на САД, Грег Попович, рече:
– Секојдневно сме подобри. Не треба да измислуваме топла вода, тоа е последното што треба да го направиме со овој тим, смета искусен тренер.
Најефикасен беше Демијан Лилард со 19 поени со 11 асистенции, Џонсон додаде 15, а Дурент 14 поени, додека Шпанците беа предводени од Рики Рубио со 23 поени.
Репрезентацијата на САД е во групата со Франција, Иран и Чешка на Олимписките игри, додека Шпанија е во групата со Аргентина, Јапонија и Словенија.