Младиот фудбалски репрезентативец на Белгија, Алберт Самби Локонг (21) ги напушти редовите на Андерлехт и кариерата ќе ја продолжи во лондонски Арсенал.
Клубовите не ја објавија висината на трансферот, но медиумите шпекулираат дека Арсенал ќе плати околу 17 милиони евра за 21-годишниот играч за врска.
Локонга дебитираше за сениорскиот тим на Андерлехт во 2017 година, откако ја мина клупската академија. Минатата сезона, тој беше стандарден првотимец, забележувајќи 37 настапи, три гола и три асистенции.
„Алберт е многу интелигентен играч кој покажа голема зрелост во своите настапи за време на неговиот развој“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета, за клупската веб-страница.
Младиот Белгиец е второто засилување на Арсенал оваа сезона, по дефанзивецот Нуно Таварес од Бенфика. Арсенал минатата година заврши на осмото место во Премиер лигата.