Вучиќ: Со Курти не можам да се договорам ни кој ден е денес

од Nikola Popovski
234 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјавил дека косовските власт не се заинтересирани да дадат никаков одговор и дека е невозможно да се договорат со Албин Курти, ниту за кој ден се работи. Тој посочи дека приштинската делегација излегла на денешните преговори во Брисел со 11 точки кои бараат де факто признавање на Косово.

„Тие излегоа со 11 барања со кои бараа де факто признавање на Косово. Тие нема да разговараат за ништо конкретно, само да се премине на приказната за независноста на Косово преку кој било договор и тоа е тоа“, рекол Вучиќ за РТС.

На прашањето дали е можно да се разговара за поголем ангажман на САД и Русија во дијалогот, претседателот рекол дека не смета дека станува збор за ангажман на „не знам кого“.

„Тука се крие нешто што не сум во можност целосно да го откријам сега, бидејќи никој не може да дојде и да каже дека не можат да прифатат толку едноставни, разумни три точки. Преговарав и со Тачи, Мустафа, Хоти, Харадинај и никогаш не го слушав ова. Тие секогаш бараа признавање и беше тешко, но барем можевме да се согласиме за нешто, ако беше ден, понеделник, петок, може да се согласиме за тоа, а сега не можеме да се согласиме за кој ден станува збор. Тие ќе велат дека Србија е виновна за геноцид“, рекол Вучиќ.