Според податоците собрани од „Ројтерс“, Европа во понеделникот стана првиот регион во светот кој преминал на 50 милиони заразени со коронавирус, додека делта сојот е проширен и го зголемува бројот на дневни инфекции.
Европскиот регион има еден милион нови инфекции секој осми ден и пријавил скоро 1,3 милиони смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Делта сојот, кој е многу позаразен од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриен во околу 100 земји и сега е доминантен во светот.
Европските пазари стравуваат дека делта сојот може да го забави глобалното економско закрепнување.
Европа има 27 проценти од светските инфекции со коронавирус и 31 процент на смртни случаи.