Уапсен фудбалер на Евертон – осомничен за ПЕДОФИЛИЈА, објавени детали

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Фудбалер на Евертон, чие име не е наведено, беше уапсен во петокот, потврдија од клубот од Ливерпул и Премиер лигата.

Англиските медиуми јавуваат дека 31-годишниот играч бил уапсен под сомнение за педофилија.

Клубот од Гудисон потврди дека го суспендирал својот фудбалер. Единствено што се знае е дека тој е првотимец и дека во тек е полициска истрага.

Исто така, медиумите тврдат дека тој е репрезентативен играч, во чија куќа полицијата извршила претрес и бил уапсен во петокот.

Наводно, неименуваниот фудбалер сменил бројни клубови во својата кариера и заработил богатство преку мултимилионски трансфери.

Евертон вети дека ќе ги поддржи властите во истрагата и рече дека повеќе нема да се огласува за овој случај.

Слични содржини