Законот за државјанство ако не го пуштевме, Алтернатива и Алијанса ќе го блокираа, ако го пуштиме – Левица ќе болкира. Ние имаме граѓани во државата коишто по закон треба да добијат државјанство, а не добиле. Со новиот закон се проширени критериумите и е олеснета постапката за добивање, вели премиерот Зоран Заев.
-Не ја слушам замерката од Левица би ја адресирал и би ја коментирал и би решил, ако знам која е причината. Тие велат: „Ве блокираме“ , сакам да знам кој е проблемот во законот. Ние седнавме со АА/А и најдовме решение. Иако Левица е помала политичка партија, јас би сакал да го решиме заеднички проблемот, вели Заев.