306
Здравствените власти во Грција објавија дека најголемиот број заболени од коронавирус од 20 април е забележан во вторникот, бидејќи се регистрирани 3.565 случаи.
Тој број е скоро двојно поголем од понеделникот, кога се евидентирани 1.834 пациенти, а вкупниот број на лица кои се заразиле со ковид-19 од почетокот на пандемијата е 463.473, објави денес „Катимерини“.
Повеќето случаи се регистрирани во вторникот во регионот Атика, во кој спаѓа Атина (1.607), следен од Солун (256).
Девет пациенти со коронавирус починаа во вторникот, а 121 лице е на апарати за дишење.