Шилегов: На ВМРО-ДПМНЕ му е јасно дека во Скопје нема што да бара на изборите

од Берта Китинска
199 прегледи

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, во однос на датумот на  одржување на локланите избори напомен дека  политичките партии треба да донесат одлука  и дека на скопјани им е сеедно дали порано од 31 октомври или подоцна ќе се оддржат.

 

„Работа е на политичките партии да ги договорат термините за локалните избори и како и да е се ближат локалните избори. Што се однесува до скопјани, јас знам дека им е сосема сеедно дали изборите ќе бидат порано или на 31 октомври затоа што знам дека ќе го изберат континуитетот во дејствувањето и во функционирањето на градот.Ние сме подготвени и има со што да излеземе пред скопјани, имаме што да понудиме како продолжение на оваа успешна скопска приказна,и на ВМРО му е јасно дека во Скопје нема што да бара на изборите “ изјави Шилегов.

Слични содржини