Примероци од крв од Италија отворија дискусијата за првите случаи на корона во Европа

од Stefanija Kuzmanovska
443 прегледи

Обновените тестови на примероци од крв собрани во Италија уште во октомври 2019 година ја обновија дебатата дали коронавирусот циркулирал во Европа пред кинеските власти да го потврдат првиот случај во Вухан.

Научниците од Институтот „Nazionale Tumori“ во Милано, центар за истражување на рак, напишаа во новиот научен труд објавен во понеделникот дека тестирањето на мал број примероци од крв пред пандемијата во две лаборатории укажува на присуство на антитела кои нормално се воочуваат по инфекција со коронавирус.

„Резултатите од ова повторно тестирање сугерираат дека она што претходно го пријавивме кај асимптоматски пациенти е веројатно сигнал за рана циркулација на вирусот во Италија“, рече Џовани Аполоне, еден од научниците.

Доколку биде потврдено, ова би ја објаснило експлозијата на симптоматски случаи забележани во Италија во 2020 година.

Сарс-Ков-2 или претходна верзија циркулирала тивко, под површината.

Италијанските истражувачи првично испитувале 959 лица, испитувајќи дали имале рак на белите дробови пред пандемијата, а минатата година повторно ги тестирале примероците, барајќи антитела поврзани со коронавирусот. Заклучокот од ова истражување е дека тие откриле траги од инфекција.

На барање на Светската здравствена организација (СЗО), собраните примероци биле тестирани во лабораторијата Вис Медери во Сиена, Италија.

Марион Копманс, раководителка на вирусологија во Еразмо, рече дека новите резултати се „интересни“.

Сепак, таа предупреди дека, иако постојат некои докази за антитела, ниту еден примерок не обезбедил убедлив доказ за претходна инфекција со коронавирус, на темел на строги критериуми.

„Ние користиме прилично строги критериуми при испитувањето и не можеме да исклучиме дека некои од набљудуваните реактивности се реални“, рече таа, додавајќи дека тие препорачуваат студии на пациенти со необјаснети болести за вирусолошка потврда за да се потврди претходната циркулација.

Лабораториите повторно тестирале 29 оригинални италијански примероци, некои позитивни, а некои негативни, заедно со 29 контролни случаи од 2018 година.

Од овие тестови, „Еразмус“ и „ВисМедери“ откриле дека три примероци биле позитивни на еден вид антитела поврзана со коронавирусот, IgM, што обично укажува на неодамнешна инфекција. Најраниот примерок бил собран на 10 октомври 2019 година. Еден од примероците, од 5 февруари 2020 година, бил позитивен и на таканаречените неутрализирачки антитела.

Сепак, ниту еден од примероците не содржел доволно високо ниво на секој од трите типа на антитела кои според „Еразмус“ се потребни за да се сметаат за доказ за инфекција.

„Во девет други примероци за кои ВисМедери рече дека се позитивни на инфекција, висината на IgM антителата е под границата поставена од Еразмус“, рече Габриел Сози, еден од италијанските истражувачи.

Сози тврди дека во периодот пред пандемијата, вирусот можел да биде помалку агресивен или заразен, поради што било неопходно да се користат многу чувствителни тестови и покрај ризикот од наоѓање лажно позитивни случаи“.

Откритијата најверојатно ќе предизвикаат дебата дали ковид 19 циркулирал во Италија или на друго место пред првиот потврден случај во Вухан во декември 2019 година. Други студии ги идентификуваа првите случаи во Европа уште во ноември 2019 година, вклучително и еден во Милано.

Слични содржини