Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил информираше дека утрово имал состанок посветен на подготовките за Економскиот форум кој ќе се одржи на 29 јули.
-Утрово имав продуктивен состанок посветен на подготовките за Економскиот форум за регионална соработка, кој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама го организираме во Скопје на 29 јули.Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани. Ова е нов Балкан, европски, напиша Заев.