Епидемиолошката состојба останува стабилна, вчера беа вакцинирани рекорден број граѓани

од Берта Китинска
163 прегледи

Во моментов стабилна е епидемиолошката состојба со ковид-19. Вчера беа вакцинирани рекорден број граѓани во еден ден односно преку 17.500 лица.

-Системот функционира беспрекорно, а капацитетите се повеќе од доволни. Бројката од околу 5000 граѓани кои дневно се вакцинираат со прва доза мора да ја задржиме што подолго како би постигнале висок имунитет до крајот на летото. Вакцините се безбедни, ефикасни и најважно од се штитат од лош развој на болеста, хоспитализација и смрт. Епидемијата секаде во светот во моментот се шири кај невакцинираните, додека оној многу мал процент вакциниран кои се инфицираат со вирусот го поминуваат асимптоматски или со лесни симптоми. Вакцинацијата е единствен начин да се заштитиме и да се вратиме целосно во нормала, нешто што сите го посакуваме,информира министерот за здравство Венко Филипче.

Теренската вакцинација денеска ќе се одвива во следните населени места:

Тетово – Шипковица, Вешала, Бродец, Лисец, Гајре, Бозовце

Гостивар – Речане, Вруток

Ресен – Дрмени, Г.Д.Перово, Лавци, Волкодери, Покрвеник, Шурленци, Прељубље, Крушје, Златари, Иабишта, Лева Река

Штип – Козјак, Аргулица, Црвулево

Свети Николе- Сарамзалино, Аџиматово

Берово – Двориште

Струга – Делогожда

Ростуше

Струмица – Банско, Баница

Неготино – Дрен, Чифлик

Пробиштип – Петршино

Кочани – Нивичани

Кичево – Грешница, Бачишта, Лешница, Речани

Битола – Ореово, Паралово, Маково, Орле, Рапеш, Брник, Зович, Старавина, Будимирци, Градешница

Охрид – Пештани, Трпејца, Љубаништа

Македонски Брод- Г.Манастирец, Д.Манастирец, Сушица, Тополница

Велес – Д.Чичево, Г.Чичево, Подлес

Скопје – Сандево, Кучевиште, Побожје

Според последниот извештај од Министерството за здравство, вакцина досега примиле 17 521 граѓанин, а ревакцинирани се 305 804 граѓани.

Слични содржини