Заев: Ние сме фаворит, очекувам победа

од Берта Китинска
179 прегледи

Ние сме владина коалиција со повеќе политички партии, а најголем коалиционен партнер на СДСМ е ДУИ, но тука се и партнерите Беса и ДПА од албанскиот блок и 24 партии плус имаме од коалицијата „Можеме“. Многу ни е важно целата коалиција да опстојува, иако ги има сите права да биде поразлична, бидејќи сега се локални избори, избор на личности, каде на граѓаните им се важни кандидатите и кандидатките за советници и градоначалници, рече

Тој објасни дека коалицијата со ДУИ значи заеднички настап на локалните избори, којашто до крај ќе биде утврдена кога ќе се дознаат самите кандидати, нагласуваќи дека може да се случи во некои општини СДСМ во првиот круг да поддржи кандидати на ДУИ или пак обратно.

-Некаде ќе одиме со поддршка во вториот круг, а некаде ќе дадеме шанса на кандидатите на помалите партии и не би било својствено ДУИ да ни даде поддршка во првиот круг на нас или ние да дадеме на ДУИ, кога има кандидат од Беса или од српските партии, турските партии и слично, се со цел да дадеме шанса низ демократски процедури граѓаните да бидат тие што ќе ги водат конечните коалиции, рече Заев.

Тој додаде дека коалиција со ДУИ е многу флексибилна и сто проценти заокружена.

-Граѓаните ќе одлучат, но јас очекувам победа на локалните избори. Ние сме фаворите  во истражувањето, вели Заев.