Заев: Ги приближуваме историските локалитети поблиску до граѓаните

од desk4
250 прегледи

Премиерот Зоран Заев на својот фб профифл напиша дека со реконструкцијата на „Римскиот пат“ што води од Битола кон античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, се приближуваат вредните историски локалитети поблиску до граѓаните и туристите

„Ја зајакнуваме и прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. Ми претставува посебно задоволство што заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, со министерката за култура, Ирена Стефоска и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска присуствуваме на завршните активности на реконструкцијата на „Римскиот пат“. Oваа активност е дел од проектот „Смарт-кул-тур“ кој се спроведува во рамки на Програмата на Европската комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за 2014 – 2020 година, напиша Заев на фб.

Слични содржини