Заев: После 50 години се обновува патната врска меѓу Преспа и Охрид

од Берта Китинска
323 прегледи

После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид. Освен што ќе се подобри патното поврзување меѓу овие два града, ќе добиеме современа патна инфраструктура која ги поврзува двата најзначајни туристички центри во земјата – Охридскиот и Преспанскиот, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

-Првата фаза е делницата од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 км. Вредноста на инвестицијата е 60 милиони денари, по што ќе продолжи и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 км, за што се предвидени уште 60 милиони денари.Со рехабилитацијата на патот преку Галичица, туристите и рекреативците ќе добијат лесен пристап до убавините на планината, за да уживаат во рекреативни активности и адреналински спортови, пишува Заев.