Делта сојот доминантен во Европа, вакцинацијата најефикасна заштита

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Во нивниот последен извештај, Европската агенција за лекови (ЕМА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) проценуваат дека делта сојот на вирусот до крајот на август ќе претставува 90 отсто од сите вируси на САРС-КоВ-2 кои циркулираат во ЕУ.

Двата најважни медицински центри во ЕУ предупредуваат дека делта сојот се шири рапидно во Европа и дека може да ги попречи напорите насочени кон контрола на пандемијата.

Додадено е дека овој вид е 40-60 отсто попренослив од претходната верзија алфа и дека може да биде поврзан со поголем ризик од хоспитализација.

ЕМА и ЕЦДЦ нагласуваат дека целосната вакцинација е сè уште најефикасна во заштитата од ковид-19, без оглед на сојот на вирусот.

Прелиминарните докази сугерираат дека и двете дози на вакцината против ковид-19 се потребни за да се обезбеди соодветна заштита од делта сојот.

Слични содржини