311
Немаме никакви предрасуди, но и да сакаме утре тоа да го направиме, нема да можеме, изјави денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, а во врска со вметнувањето на Бугарте во македонскиот Устав.
– Две третини немаме ниту треба но јавно го кажуваме тоа затоа што и Бугарите и другите етнички заедници ќе бидат вградени во нашиот Устав пред пристапувањето во Европската Унија, истакна Заев.
Сепак тој изјави дека нема да бара реципроцитет, односно вметнување на Македонците во бугарскиот Устав.
Тоа е мешање во внатрешните работи на друга држава и не е порака на пријателство, посочи Заев.