Заев: Успехот на Дејан да биде поттик за сите, дека со љубов, истрајност и напорна работа, успесите се неминовни

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Премиерот Зоран Заев го поздрави историскиот успех за младиот Дејан Георгиевски, кој на Летните олимписки игри во Токио се закити со сребро.

„Северна Македонија 🇲од денес има олимписки медал во таеквондо во категорија над 80 килограми. Од сѐ срце им честитам на Дејан и на неговиот тим, коишто успешно се изборија за заслужениот медал. Нека овој успех биде поттик за сите, дека со љубов, истрајност и напорна работа, успесите се неминовни“, истакна Заев.