Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денес утврдија дека во области со високо ниво на инфекција со коронавирус, и вакцинираните и невакцинираните граѓани мора да носат маска.
Здравствената агенција, исто така, препорача училиштата да прифаќаат универзално носење маски, иако во претходните упатства стоеше дека вакцинираните ученици и вработени не треба да ги носат, пишува „ABC News“.
„ЦДЦ препорачува локалните власти да поттикнуваат универзално носење маски во затворено за сите наставници, вработени, ученици и посетители на училиштата, без оглед на статусот на вакцинација“, се вели во ЦДЦ во новите упатства.
Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, рече дека податоците покажуваат дека делта-варијантата „се однесува уникатно“.
Податоците покажуваат дека „во ретки прилики, некои вакцинирани лица со делта-варијанта можат да бидат заразни и да го шират вирусот на други“, рече таа.