Сорос: Европа треба да учи од мултиетничката демократија на Македонија

од Nikola Popovski
550 прегледи

Ромите претставуваат потенцијална надеж за Македонија и целиот регион. Тие се дел од социјалното ткиво на оваа средина, која создава мултиетничка демократија, која што е уникатна во многу аспекти за Европа и од која што треба да учи и Европа, изјави заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество Алекс Сорос.

Според него, Ромите се соочуваат со две пречки, а тоа се дискриминација и нееднаквост.

-Токму затоа младите ромски лидери се повикуваат на економско јакнење и токму затоа сакаме да поддржиме иницијатива за развој на ромското претприемништво и заедно со премиерот Заев ја започнуваме, рече Сорос по потпишувањето на неколку меморандуми за соработка.

Алекс е син на американскиот милијардер и филантроп со унгарско-еврејско потекло, Џорџ Сорос.