Владата ја дополни Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи со дополнителни 22.900.000,00 денари со што вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15.000.000,00 денари ќе изнесува 37.900.000,00 денари.
Со предвидената мерка ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000,00 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.