291
Формула 1 го дисквалификуваше Себастијан Фетел од Хунгароринг, а со тоа остана без освоената втора позиција и бодови. Одлуката беше донесена поради недостаток на гориво во резервоарот, откако немаше доволно за земање мостри по трката.
Фетел беше вториот што ја мина целта, а Хамилтон беше трет.
Во резервоарот му останале 0,3 литри, а според правилата, минималната количина е еден литар. Астон Мартин тврди дека им останале 1,74 литри во резервоарот и дека имало само проблем со пумпата за гориво и затоа на Фетел му било наредено да застане.
Во секој случај, судиите одлучија да го дисквалификуваат и неговиот резултат беше поништен. Второто место му припадна на Хамилтон со Мерцедес, третото на возачот на Ферари – Карлос Саинц.