Шумахер: Фетел сака повторно да вози

од Vladimir Zorba

Во интервју за Скај Германија, поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер сподели интересни информации поврзани со четирикратниот светски шампион – Себастијан Фетел.

Фетел се повлече од спортот на крајот на 2022 година, но Шумахер вели дека сака да се врати зад воланот на тркачкиот автомобил. Секако, коментарот на Ралф е поврзан со празното место во Мерцедес за сезоната 2025. Според Шумахер, Фетел е совршена замена за Луис Хамилтон, кој следната година ќе вози за Ферари, најмногу од маркетиншки аспект.

„Слушнав дека Себ сака повторно да вози. Мерцедес сега има голема дупка за пополнување. Видовме што се случи со берзата со одлуката на Луис да се пресели во Ферари. Не сум сигурен дека Џорџ (Расел) има харизма да го замени Хамилтон на светската сцена. Ќе му биде тешко да се натпреварува со комбинацијата на германскиот возач Фетел во Мерцедес“, објасни Шумахер.

Претходно, самиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, ја отфрли можноста Фетел да се врати во Формула 1 за да вози за неговиот тим. Тогаш Австриецот изјави дека често се слуша со четирикратниот шампион, но не зборуваат за негово потенцијално враќање.

Слични содржини