Мамиќ бара од Вучиќ место на Маракана: „Ѕвезда ќе испадне од Динамо“

од Nikola Popovski
317 прегледи

Здравко Мамиќ, „алфа и омега“ на загрепски Динамо, е убеден дека хрватскиот клуб ќе ја мине Црвена Звезда доколку дојде до дуелот во плејофот за Лигата на шампионите, а имаше и специјална порака за српскиот претседател Александар Вучиќ.

За да се одигра балканското дерби за групната фаза од елитното натпреварување, Звезда треба прво да го помине Шериф во 3. коло од квалификациите, а Динамо треба да биде подобар од Легија.

„Не сакав да се падне Ѕвезда. Тоа, ако ме прашавте вчера, беше последната опција за мене. Некако чувствувам дека ова сценарио ќе се оствари – и Динамо и Звезда ќе поминат во следната рунда, првиот натпревар е во Белград, реваншот во Загреб. На крајот Динамо ќе излезе како победник“, изјавил Мамиќ за срспки „Блиц“.

Познатиот функционер ги доведе „сините“ до историски успеси, а има голема желба да биде на натпреварот во Белград, доколку тоа се случи.

Затоа тој испрати јавно барање до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да обезбеди негово пристигнување во главниот град на Србија. Да потсетиме, Мамиќ веќе неколку години е во Босна и Херцеговина и не се враќа во Хрватска.

„Мојата симпатија кон претседателот на Србија е добро позната, и ова е можност да го замолам … Можеби не е добро преку весниците, но ако дојде до тој натпревар, би сакал да бидам во Белград и да го гледам“, изјави Мамиќ за „Спутник“.

Слични содржини