Армијата се вклучува во гасењето на пожарот во Кочани

од Nikola Popovski

Вечерва во Крушево, началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, објави претседателот Стево Пендаровски.

Тој информира дека наредбата како Врховен командант за ангажман на армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути.

-Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терени ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба, објави Пендаровски.

 

Слични содржини