Најмалку две лица загинаа кога два воза се судрија во близина на селото Милавче во близина на чешкиот град Домажлице, потврдија медиумите.
Според последните информации, повредени се околу 50 лица, од кои седум се во тешка состојба.
Спасувачките служби се на терен, како и четири хеликоптери.
Несреќата се случила во средата околу 8 часот наутро, јавуваат чешките медиуми.
2 dead, 7 critically and 31 injured
Two trains collided near Pilsen : Ex 351 from Munich to Prague and regional train from Pilsen to Domazlice.
Source: https://t.co/kISz6aDAlq
CC @EuropeByRail @seatsixtyone @_DiningCar @TrainTracksEU pic.twitter.com/13lFsqRAqB
— JedemeVlakem (@JedemeVlakem) August 4, 2021
Чешката противпожарна бригада за локалните медиуми изјави дека се повредени дури 50 лица.
– Местото на интервенција е поделено на два дела. Превезовме некои луѓе од возот. На лице место има неколку десетици повредени – изјави портпаролот на регионалната противпожарна бригада.
Според железничките работници, судирот се случил помеѓу возот Вест Експрес, кој одел од Минхен за Прага и патничкиот воз РегиоШарк, кој одел од Пилсен до Домажлице.
Според чешкиот министер за транспорт, еден од возовите поминал на знак Стоп.
– Најверојатно е дека брзиот воз, кој требаше да застане на знакот за стоп, не го стори тоа, го поминал и се судрил со патничкиот воз – рече министерот Карел Хавличектолд.
Според него, ситуацијата е многу сериозна.