МВР информира дека после вчерашната спроведена акција за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 223 возачи.
-Од нив, 13 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место, велат од полицијата.
Од објавеното на сајтот на ресорното министерство може да се види дека еден од санкционираните возачи се движел со 207 км на час.