Лавови нападнале деца, брутално убивајќи три од нив

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Лавовите во светски познатиот резерват Нгоронгоро во Танзанија убија три деца кои барале изгубен добиток во паркот на природата.

Децата, на возраст меѓу 9 и 11 години, се вратиле дома од училиште и отишле во шумата во близина на Нгоронгоро  во потрага по исчезнатите животни, изјавил за АФП шефот на полицијата Џастин Масио.

„Тогаш лавовите ги нападнале, убиле три, а повредија едно“, рече тој.

Нгоронгоро на северот на Танзанија е на листата на светско наследство и е дом на бројни диви животни, вклучувајќи лавови, гепарди и леопарди.

– Ги повикувам номадските заедници што живеат околу резерватот да бидат внимателни во близина на дивите животни, особено кога испраќаат деца да се занимаваат со добиток. На тој начин ќе се заштитат децата и нивните семејства – рече Масио.

Слични содржини