Радев: Не треба да има обвинувања поради испратените бугарски пожарникари во Македонија

од Nikola Popovski
151 прегледи

Парламентот да ја заврши својата работа и да го ажурира буџетот, повикал денес шефот на бугарската држава Румен Радев на работна средба со техничкиот владин кабинет.

Се разговарало и на неколку други актуелни теми, кои се од особено значење за Бугарија.

„Има криза со пожарите. На врата ни чука и можната политичка криза, но и можната мигрантска криза “, рече тој, предупредувајќи дека големиот шумски пожар во Пехчево, сега е само 4 километри од бугарската граница. Исто така, Радев укажал дека не треба да има обвинувања затоа што бугарски пожарникари биле испратени во Македонија, да помогнат во справувањето со огнените стихии.

Вчера лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов истакна дека ситуацијата со пожарите на Балканот е крајно комплицирана.

„Прекрасно е да се има добри соседи кои можат да одговорат на помош кога е потребно. Прекрасно е да се биде солидарен, да се биде добар и да се биде поддржувач. Но, јас не мислам дека кога вашата куќа и куќата на соседот се во пламен истовремено, мора да одите да ја изгасите куќата на соседот. Одлично е што и помагаме на Северна Македонија и тоа е правилно, но каде води тоа?“, напиша на својот Фејсбук профил, Слави Трифонов.

Фото: БГНЕС

Слични содржини