ДУИ бара советници за Гостивар

од Берта Китинска
211 прегледи

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за првпат објавува јавен повик со кој ги повикува граѓаните на Гостивар да го искажат својот интерес  и да се кандидираат за советник во Советот  на општина Гостивар.

„Демократската унија за интеграција одлучи да понуди можност за кандидатури дури и за личности кои не се дел од нашите партиски структури. Затоа, ги покануваме сите заинтересирани кои ги поддржуваат нашите политики и се подготвени да придонесат за нивната општина, да се кандидираат како кандидати за советници за локалните избори на 17 октомври 2021 година. Кандидатите треба да  се полнолетни, односно да наполниле 18 години (во согласност со член 7, став 2, алинеја 1 од Изборниот законик); Да се државјани на Република Северна Македонија; Да се способни за работа и да се способни во аспект на општото здравје; Да имаат способност за работа (во согласност со член 7, став 2, алинеја 2 од Изборниот законик); Во целост да ги почитуваат законските прописи на РСМ и да не се во процедура за активност што е спротивно со законот“, велат од партијата.