Активни пожари во Делчевско, Скопско, Прилепско и Кумановско, во Беровско ставен под контрола

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај селото Разловци, а другото кај селото Нов Истевник.

Се преземаат активности за надминување на состојбата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во извештајот за состојбата со пожарите во земјава во 8:00 часот.