Пожарот на територијата на Општина Пехчево се шири на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на селото Будинарци. Се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна, стои во извештајот за состојбите со пожарите на ЦУК до 19 часот.
-Пожарот кој беснее во атарот на село Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на село Мирашинци каде гори борова шума.
Пожарот се шири без контрола, сите сили се распоредени поради лошиот терен, интервенираат само со помалите цистерни.
Се интервенира со 22 војници, 60 австриски и 45 словенечки пожарникари, како и со близу сто лица – граѓани и од претпријатија, стои во соопштението од ЦУК.