260
Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо ја воодушеви планетата со својот хуман гест.
МВП на финалето на НБА лигата одлучи да им помогне на своите сонародници кои мораа да ги напуштат своите домови поради пожарот, кој беснее во Грција.
Репрезентативецот на Грција одлучи да им обезбеди сместување додека пожарот не се стави под контрола.
Тој платил за изнајмување на 85 хотелски соби во Атина и околината, за да можат луѓето што биле евакуирани да поминат одредено време таму.
Првично, сместувањето беше платено три дена, а кога стана јасно дека проблемот не може да се реши толку брзо, Адетокумбо плати уште пет дена.