Куќата му изгоре во пожарите: Чичко Ѕвонко од Нов Истевник ќе добие нов дом

од Берта Китинска
199 прегледи

На чичко Ѕвонко, 58 годишниот жител на Нов Истевник кој остана без својот дом од пожарите, обезбедо му е сместување како и неопходни намирници, соопштија од СДСМ.

-Со акција на локалната самоуправа и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски веќе се расчистува и теренот, започнуваат подготовки за изградба на нов дом. Во попладневните часови организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, го посети Ѕвонко и неговиот имот кој беше зафатен од пожарот, како и повеќе други семејства од Истевник и други населени места од околината на Делчево кои претрпеа штети од пожарите.

Сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија со пламените јазици се потресни, но државата, локалната власт, сите заедно сме тука за граѓаните и штетата ќе биде надоместена.Солидарното македонско општество, сите заедно, ќе ја надоместиме штета и во Нов Истевник и насекаде во државата, соопштија од партијата.