Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопштија од Министерство за здравство.
Вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани. Вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
✅66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅63% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅59% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
✅48% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста“, додаваат од МЗ.