За еден ден казнети 69 возачи за брзо возење во Скопје

од Берта Китинска
169 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 47 за непрописно паркирање“ – информираат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.