МЕДИТЕРАНОТ ГОРИ: Екстремни услови и во С. Македонија, високи температури и во наредните денови

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Медитеранот „гори“. Ова најдобро ја опишува ситуацијата на мапата објавена од Copernicus, сектор за управување со итни случаи.

– Се уште има екстремни услови во бројни делови на Грција, Турција, Албанија, Северна Македонија и Сардинија – се наведува во соопштението.

Србија, Хрватска, Бугарија и јужните делови на Франција се во црвено, а тропскиот бран ја „крчка“ и Шпанија, каде што вчера беше над 40 Целзиусови степени.

Највисоката температура во Европа откако беа направени мерењата беше измерена вчера. Највисоката вредност е забележана во Сиракуза, на југоисток од Сицилија, каде што се измерени неверојатни 48,8 степени Целзиусови.

Температурата е измерена со СИАС – агрометеоролошка информативна служба на Сицилија, во 14 часот, на местото на Флорида, која припаѓа на Сиракуза. Рекордот претходно го држеше Атина, каде во 1977 година беа измерени 48 степени.

Метеоролозите предупредуваат дека жешкиот бран најверојатно ќе ги пржи јужните делови на Европа до недела.

Грција, Италија и Турција со недели се борат со пожарите. Десетици илјади хектари шуми беа изгорени, илјадници домови беа оштетени или изгорени, а за жал смртни случаи беа регистрирани во Италија и Турција.

Слични содржини