Во САД одобрена трета доза на вакцина за лица со слаб имунитет

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Трета доза на вакцината против коронавирус е одобрена во Соединетите држави за луѓе со послаб имунолошки систем.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) синоќа објави дека одлуката се однесува на вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи.

„Соединетите држави влегоа во нов бран на пандемиjата, а ФДА е целосно свесна дека луѓето со ослабен имунолошки систем се особено изложени на ризик да развијат сериозна болест“, рече шефицата на ФДА, Џенет Вудкок.

Таа рече дека на останатите вакцинирани не им треба трета доза и дека се соодветно заштитени.

Повеќе од 619.000 луѓе починаа во Соединетите држави од ковид-19, а бројот на случаи на инфекција нагло се зголеми поради ширењето на делта сојот.

Слични содржини