Ленард ја реши дилемата, останува за 176,3 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

По неколку дена неизвесност, доколку воопшто постоеше, Ленард дефинитивно постигна договор со управата на Клиперс во врска со продолжување на соработката за уште четири години за договор вреден 176.300.000 долари.

Според порталот „Јаху Спортс“, шампионот во НБА за 2019-та го даде својот благослов за нов договор, со што ќе се зацементира неговата иднина во втората франшиза од Градот на ангелите.

Ова е трет потпис на Лос Анџелес Клиперс. Клубот го продолжи договорот со Реџи Џексон и потпиша со Џастис Винслоу, а се очекува во тимот да се врати новиот олимписки вицешампион Никола Батум.

Ленард е дел од Клиперс во последните две години, каде што е главна sвезда заедно со Пол Џорџ. Досега има просек од 26 поени, шест скока и пет асистенции. Тој во моментов се опоравува од операцијата на коленото по делумно кинење на предниот вкрстен лигамент на десната нога.

Се уште не е познато колку Ленард би можел да паузира, но се очекува дека нема да биде на паркетот пред 2022 година.

Слични содржини