Ленард го оперираше коленото

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард имаше операција на коленото поради повреда на предните вкрстени лигаменти.

Каваи се повреди пред петтиот натпревар од полуфиналето на Западот, кој Клиперси го одиграа против Јута Џез.

Предните вкрстени лигаменти беа оштетени, а делумната руптура значеше операција за двократниот шампион во НБА.

Не е кажано во моментот кога може да се очекува враќање на Каваи Ленард, но сосема е реално да биде повторно на паркетот за зимата.

Клиперси успеаја да ја елиминираат Јута Џез без него, но „паднаа“ во финалето на конференцијата, каде беа подобри Феникс Санс, кои во моментов водат со 2-1 против Милвоки Бакс.

Слични содржини